ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Стотици скопјанчиња чекаат ред за во градинка

Стотици скопјанчиња чекаат ред за во градинка

Родители чекаат со месеци, па и до две години за да ги запишат своите деца во градинка. За проблемот со пренатрупаноста и понатаму нема долгорочно решение, па многу родители проблемот го решаваат преку врски. Речиси секоја градинка, особено во урбаните средини, има список од стотици деца кои чекаат да се запишат. Во градинката „Детелинка“ во Ѓорче Петров, со проширувањето на објектот, листата на чекање е намалена на околу 300 деца, но уште 400 чекаат.

Градоначалникот на Ѓорче Петров, апелира институциите што поскоро да дозволат вработување на нов кадар за градинката во Волково.

Од општините во главниот град, најмногу деца кои чекаат има во општина Аеродром, а потоа следуваат Чаир и Бутел. Од 2017 година, отворени се 71 нова градинка, со фокус главно на руралните средини и општините каде што има подолги листи на чекање. Но, овој број гледано од состојбата на теренот, треба да биде неколкукратно поголема доколку институциите сакаат да ги намалат листите на чекање. Министерката Тренчевска најавува нови градинки.

Друг проблем во градинките е недостигот на кадар и покрај тоа што министерката тврди дека постојано се вработуваат нови, многу градинки се соочуваат со недостиг на кадар било поради пензионирање, било поради оние кои се откажуваат./Alsat.mk

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button