МАКЕДОНИЈА

Стотици училишта кои аплицираа не добија дозвола да држат настава со физичко присуство

Периферните училишта „Рада Стојановска“ во Чифлиг и другото училиште во Св. Петка во општина Сопиште, се две од 94-те образовни институции за кои Министерството за образование не даде дозвола за вршење на настава со физичко присуство. Апсурдот, според наставникот по историја, Ајрулах Јакупи, е во фактот дека на учениците од 4-то до 9-то одделение им е ускратена можноста да одат на училиште, иако се создадени сите услови според протоколите на Комисијата за заразни болести и наставата треба да ја следат онлајн, а повеќето од децата немаат опрема и интернет.

Advertisements

„Трето и деветто одделение мора да посетуваат настава. Трето одделение има 8 ученици, додека 9-то исто 8 ученици. Како што можете да видите, подготвена е клупа за секој ученик, каде што треба да седи. Сепак, наидуваме на проблем со Министерството кое донесе одлука, дека така треба да изгледа еден час, но на крајот е дозволено за 3-тото одделение, а за  9-тото одделение што има ист број на ученици, не е дозволено. Не дошле од  Комисија да ја видат реалната состојба туку заклучија  без да ја видат”, рече Ајрулах Јакупи – проф др по историја.

Помошник директорот, Џевахир Јакупи, вели дека тие лично се погрижиле да се почитува секоја точка од протоколот. Дури додава дека пред четири дена, кога добиле негативни одговори, се пожалиле до дирекцијата и општината, но немаат нови информации.

„Значи, ученикот ќе седне на ова место, потоа другиот ученик  ќе седне на другата страна за да го има потребното растојание. Прво одделение има 19 ученици, се работи за клас со најмногу ученици од сите други паралелки, но Министерството одлучи така”, изјави  Џевахир Јакупи- помошник директор.

Лахина Нухиу, ученичка во 8 одделение, има само книги од кои ќе учи. За следење на онлајн учењето нема ниту компјутер ниту интернет.

Дали имате интернет или електронски уреди дома?

– Не, немаме. Ниту интернет, ниту лаптоп. Не можеме да учиме онлајн. Треба да дојдеме на училиште“, вели Лахина.

Дозвола за настава со физичко присуство Министерството за образование и наука одобри за 223 основни училишта, од вкупно 325 што се пријавија. 196 од нив се периферни а 27 централни училишта. Дадена е дозвола за физичко присуство  во училиште за деца со посебни потреби и делумно за основно музичко училиште. 14 средни училишта од вкупно 27 кои аплицирале не добиле дозвола за наставата со физичко присуство заради епидемиолошката состојба во општината каде што се наоѓаат и големиот број ученици.

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button