ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Струга, недостиг на медицински персонал

Во Струга најдоцна до крајот на јануари треба да биде ставена во функција модуларната болница за болните од Ковид 19. Но, недостасуваат медицински сестри, болничари и лекари. Актуелниот персонал нема да може во целост да ги задоволи потребите на новиот ковид центар, алармираат од раководството на болницата.

Advertisements

„Работиме во организирање на персоналот кој ќе работи во модуларната болница. Но, најверојатно ќе имаме потреба да ангажираме друг персонал. Конкретна бројка не можам да ви кажам во моментот…“-изјави Мухамед Асани, директор на општа болница Струга.

Во моментов во струшката болница во отсуство на инфективно одделение, интерното и детското одделение се преадаптирани во ковид центри.

„…Гледате дека се градат и монтажните бараки, па и за тука ќе треба персонал. Ударот ќе биде поголем таму со персонал  и со лекарства. Најголем проблем е што персоналот станува позитивен и тој се разболува.“-рече Дончо Ложанкоски-директор на здравствен дом Струга.

Персонал фали и во струшкиот здравствен дом затоа што и брзата помош се соочува со зголемен обем на работа. Таа покрива територија од околу 60.000 жители и десеттина населени места. Инаку, во Струга бројот на хоспитализирани ковид пациенти актуелно е триесеттина, додека во Охрид тој број е 65. Од охридската болница велат дека ќе се обидат со постоечкиот кадар да ги задоволат потребите на модуларната болница која се гради и во Охрид.

Персонал фали и во струшкиот здравствен дом ,затоа што со поголем обем на работа и зголемен број на повици за домашни посети се соочува брзата помош, која покрива голема територија од околу 60000 жители и десеттина населени места. Ложанкоски вели потребни им се најмалку пет медицински сестри.Во Струга, бројот на хоспитализирани ковид пациенти е триесеттина, додека во Охрид тој број е 65. Од охридската болница, велат дека ќе се обидат со постоечкиот кадар, да ги задоволат потребите на модуларната болница,која се гради и во Охрид.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button