ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Струга, протест за безбеден велосипедски сообраќај на стариот пат кон Охрид

По неодамнешната сообраќајна незгода, во која на стариот пат Охрид-Струга, загина 17-годишен велосипедист од струшкото село Ливада, велосипедисти од Струга денеска протестираа пред општината. Побараа проширување на овој патен правец, изградба на велосипедска патека кон Охрид по примерот на патеката меѓу Лин и Поградец во Албанија. Бараа и поголемо полициско присуство за време на викендите, кога има најмногу велосипедисти.

„Иако овој пат не е под надлежност на општина Струга, со самиот факт што претставува клучна артерија, од каде граѓаните на Струга секој ден поминуваат, очигледно е дека решението се очекува да биде иницирано и од општината“, изјави Бетим Ибраими-граѓанска иницијатива.

„Од сите што сме денес дојдени, можеби 80% имаме доживеано некоја сообраќајна незгода или сме удрени од автомобил. Многу се користи патот за рекреативни цели, за велосипедисти и атлетичари. Тој пат е најнебезбеден во моментот. На тој пат не се само велосипедисти настрадани. Има погинато и моторџии, но и други во автомобилски несреќи. Сигурно се десеттина и повеќе“, изјави Никола Кутаноски-велосипедист.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button