
Државниот здравствен инспекторат денес влезе во струшката општа болница, за да утврди како и на кој начин се лекувало 4 годишното дете од селото Лабуништа, кое вчера почина на Детското одделение во Струга, односно дали се почитувале протоколите. Инспекторатот како што рекоа од таму за Алсат, ќе изврши вонреден надзор на постапката на лекување, по што може да препорача формирање на комисија, која би извршила стручен надзор. Велат дека извештајот ќе биде готов за најмногу два дена. Дека ДСЗИ оди во контрола на болницата во Струга, потврдија и од Министерството за здравство.
„Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат(ДСЗИ) е издаден налог за вонреден испекциски надзор“, велат од Министерство за здравство.
Раководиелот на детското одделение, Влатко Мицкоски за Алсат рече дека детето било со тешка форма на церебрална парализа, и лекувано во повеќе земји, а кај нив било донесено во тешка општа состојба. Тврди дека направиле се што може да се направи.
„Беше задржано и хоспитализирано на одделение, започната терапија, меѓутоа после 15 минути дојде до влошување на состојбата со прекин на дишење, застој на срцево акција. Се почна со реанимација, дадено по протокол се што требаше да се даде, викнавме и анестезилог, но меѓутоа после 30-40 минути безуспеша реанимација констатиравме смрт кај детето. Со хронични болести е и цело време беше со чести респиратони инфекции, лекувани меѓутоа сега во една тешка состојба беше донесено“, рече Влатко Мицкоски-раководител на Детско одделение во Струга.
Од полицијата во координација со јавен обвинител, преземаат мерки за целосно расветлување на случајот. Од СВР Охрид потврдија дека по наредба на Јавен обвинител врз телото нема да биде извршена обдукција и е преддено на семјеството. Се обидовме да стапиме во контакт со семејството на починатото дето но безуспешно. Дознаваме дека семејството не планира да ја тужи болницата или да преземе било какви правни мерки.Инаку случаите на починати деца и бебиња во болниците низ Македонија како и на Клиниката за детски болети во Скопје станува се почеста појава .Според СДСМ, само лани за шест месеци имало 19 починати доенчиња и едно петгодишно девојче. Велат дека спроведените инспекиски надзори не се доволни./Алсат.мк
Мики Трајковски