ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Стружанец преку пошта го врати бугарскиот пасош револтиран од политиката на Софија

Стружанецот Васко Јолески, по речиси две децении откако поседува бугарски пасош, на властите во Софија денеска по пошта им го врати и пасошот и сите други лични бугарски документи. Се одлучил на ваков чекор револтиран од последните случувања и уцените кои доаѓаат од Бугарија во однос на евроинтеграцијата на Македонија. Бугарски пасош извадил уште во 2003 година, како што вели, исклучиво поради економски причини за да може да работи низ Европската Унија.

…Се одлучив, државјанството односно пасошот да им го вратам преку едно од нивното претставништва во земјава по поштенски пат бидејќи не може некој да си поигрува со нашето достоинство….“, рече Васко Јолески, сопственик на бугарски пасош.

„Јас сакам да ги охрабрам сите оние кои се во можност да го направат истото, да го следат мојот пример. Јас сум пациент кој чека трансплантација на срце. Европска исправа би значела полесно доаѓање до операција во било која европска земја. Но, во овие услови кога Македонија е уценета и понижена од државниот врв на Бугарија, сметам дека ниту една привилегија што ја нудат европските исправи, не е доволна да ја компензира штетата што ѝ се нанесува на македонската држава“, додава Јолески.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button