ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Студентите најавија протест, министерот Шаќири вели дека ги имаат стипендиите на нивните сметки

Во пресрет на најавениот студентски протест денеска пред МОН, министерот за образиование и наука Јетон Шаќири на Фејсбук објави дека сите студенти кои ги исполнуваат условите, на своите сметки ги имаат добиено парите за стипендија.

Advertisements

Во објавата тој ги повикува студентите да не дозволат да бидат манипулирани од дезинформации и злонамерни повици и својата енергија, како што вели, да ја насочат кон подобри резултати на испитите во февруарската сесија.

„Драги студенти, додека го читате овој пост на вашата сметка ги имате средствата за стипендија сите вие студенти кои ги исполнивте условите за продолжување и ретроактивното плаќање со спогодба. Искрено сакам да изразам благодарност до сите сектори низ кои се одвива процесот на стипендиите додека не стигнат до вас. Ве повикувам да ја искористите концентрацијата и енергијата за поголем успех на испитите кои ги имате оваа недела, апелирам да не дозволите да бидете манипулирани од дезинформации и злонамерни повици. Со среќа“, напиша Шаќири на својот фејсбук-профил.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button