МАКЕДОНИЈА

Во изминатото деноноќие 19 пожари на нискостеблеста шума

ЦУК информира дека во последното деноноќие имало најмалку 19 евидентирани „зимски“ пожари за запалена нискостеблеста шума и друга вегетација, а пожарникарите гаснеле и отпадоци, ѓубришта  и запалени контејнери на отворено на територијата на државата.

Биле ангажирани пожарникарите во одредени региони за гаснење и по пет пожари на отворено. Биле ангажирани пожарникари и тимови од: Скопје (5 пожари), Прилеп, Крушево, Струмица (4 пожари), Радовиш (2 пожара), Гевгелија, Охрид, Кичево, ЈП „Национални шуми“ подружница „Бабуна“ од Велес, Неготино (2 пожара), Виница, Кочани, Куманово, Старо Нагоричане (5 пожари), Ранковце и од Национален Парк „Шар Планина“.

Инаку, последниот пожар на отворено бил синоќа  во 20:15 часот помеѓу селата Урвич и Ново село, Општина Боговиње на околу 400 метри над патот. Горела смрека, сува трева и ниски растенија на карпест предел.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button