ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Студентите од приватните универзитети и понатаму бараат бесплатен превоз од Град Скопје

Студентите од приватните универзитети и понатаму бараат бесплатен превоз од Град Скопје

Студентите од приватните универзитети и понатаму немаат бесплатен јавен превоз во главниот град. Велат се чувствуваат дискриминирани и нееднакви со колегите од државните универзитети кои го уживаат ова право. Според студент Ерен Али, недостигот на бесплатен јавен превоз покрај двојно зголемените трошоци ги ограничува студентите да учествуваат во различни активности. За ваквиот недостаток студентите ги обвинуваат од Град Скопје.

„Се уште ништо не е направено во таа насока. Сигурно трошиме повеќе, буџетот ни е ограничен како студенти. Дискриминирани сме затоа што сме граѓани на оваа држава, даночни обврзници и сл., а за нас не важи оваа мерка. Градоначалничката на град Скопје не презема никакви активности, иако во нејзината кампања главно ветување беше бесплатниот јавен превоз “,рече Ерен Али, студент.

Од Град Скопје не одговорија на прашањата на Алсат. Во меѓувреме, од ЈСП пред извесно време одговорија дека нивната институција работи според владината и одлуката на град Скопје од 2015 година.
Учениците од приватните средни училишта веќе го надминаа овој проблем. На иницијатива на Унијатата на средношколци, Уставниот суд одлучи бесплатен јавен превоз да го користат и средношколците од приватните училишта./Алсат.мк

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button