ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Сојузот на синдикати ги повика работниците да ги пријават случаите кога работодавците им плаќаат под минималната плата

Сојузот на синдикати ги повика работниците да ги пријават случаите кога работодавците им плаќаат под минималната плата

Правата на работниците во приватниот сектор во голем број случаи не се почитуваат од страна на работодавачите. Исто така и државата не се грижи доволно за нив. Но, не сите го креваат својот глас, за нередовното исплаќање на плата, неисплаќање на прекувремена работа, ниските придонеси, велат синдикатите. Потпретседателот на ССМ за приватен сектор, Иван Пешевски ги повикува работниците да ги пријават ваквите случаи до сите надлежни органи.

Од Државниот инспекторат за труд велат дека редовно постапуваат по претставки пристигнати од Сојузот на синдикатите на Македонија, но и дека неретко добиваат пријави од самите работници, по што инспекторите излегуваат на терен.

„Во текот на 2023 година во Македонија се регистрирани 10.534 различни документи за заштита на правата на работниците, од кои 64% се претставки, 29% прекршоци и 7% барања. Најголем број претставки се однесуваат на неисплата на плати, надоместоци и додатоци на плата, вкупно 3.822. Приговорите се одбесуваа на неисплата на К-15, на вкупно 2.655 работници, од кои две фирми се од јавниот сектор, а 41 фирма се приватни. 1.188 работници во приватниот сектор се пожалиле на неплаќање прекувремена работа“,велат од Државен инспекторат за труд.

Експертите од областа велат дека приватните фирми преку злоупотреба на правните дупки и во соработка со правници и сметководители на големи компании, прават стратњегии на штета на работниците. Според сегашниот закон за работни односи и други подзаконски акти со кои се регулираат односите работодавач-вработен, казните се пониски од надоместокот за работниците. Постапувајќи по свој личен интерес, фирмите попрво би платиле казни отколку да даваат регрес за годишен одмор. Трудовиот инспекторат нема доставено информација колку фирми се казнети по овој основ./Алсат.мк

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button