ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

„Студентски отпор“ најави нов протест, бара исполнување на сите барања

„Студентски отпор“ – организаторот на вчерашниот протест пред Собранието, не е задоволен од договореното на средбата во Собранието меѓу студенти – претставници на универзитетски собранија со пратеници и министерот за образование и наука и повика на нов протест в четврток.
-Јавно соопштуваме дека не сме задоволни од крајниот исход и од одлуките кои се донесоа.
Ние како студенти остануваме на нашите барања: Издвојување средства од буџетот за зголемување на износот на субвенционираниот студентски оброк од 120 денари на 150 денари дневно; Издвојување  средства од буџетот за израмнување на сумата на стипендиите согласно измените од последното покачување на стипендиите; Издвојување средства за реновирање и обезбедување нормални услови за престој во студентските домови, долгорочен план за формирање „студентски градови” и стоп за најавената приватизација на студентските домови и издвојување доволно средства за изземање на студентите од антикризните мерки на Владата за рационализација и штедење струја, објави синоќа „Студентски отпор“ најавувајќи нов протест за 17 ноември.
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button