ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Судбината на преговорите меѓу Македонија и ЕУ се очекува да биде клучна тема на средбата меѓу премиерот Заев и претседателката на ЕК, Урсула Фон дер Лајен

По предупредувањето на Европската Комисија за можноста за започнување преговори само со Тирана доколку Софија не го повлече ветото за Скопје, во понеделник премиерот Заев ќе се сретне со шефицата на ЕК, Урсула фон дер Лајен. Министерот за надворешни работи Османи не верува дека пакетот Скопје – Тирана ќе биде поделен, бидејќи според него, земјата не заслужува да биде ставена зад Албанија.

„Дали Албанија ќе започне преговори или не, е прашањето за Албанија. Ние го поставуваме прашањето дали треба да започнеме преговори, имајќи во предвид дека ги исполнивме сите услови, дури ги надминавме и во однос на политиката, економијата и усогласувањето на законодавството со европското“, рече Бујар Османи, министер за надворешни работи.

Османи, пак, верува дека ќе се постигне техничко решение со бугарската техничка влада што ќе и овозможи на земјата да ги започне преговорите ова лето. Османи дури вети дека ќе го спроведе Акциониот план, дури и ако тој не го усогласат со бугарската техничка влада.

„Чекам формирање на Владата таму, за да се обидеме да го формализираме овој план на меѓувладин состанок. Доколку не постои можност во рамките на техничката влада, мислам дека ќе продолжиме со еднострана имплементација на нашите обврски од Акциониот план“, додава Османи.

За познавачите на дипломатијата, предупредувањата за вакво решение на билатералниот спор се нереални. Поранешниот амбасадор во Софија Марјан Ѓорчев, за Алсат вели дека не може да се очекува ниту одобрување на Акциониот план.

Најавата дека Албанија ќе преговара со ЕУ без Македонија, беше најавена од еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји. Првично никој не веруваше во оваа изјава, за потоа да се потврди дека е точна.

Анеса Салиху

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button