ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Судење за „Меѓународен сојуз“: Се изведуваат материјални докази од Обвинителството

Со изведување на материјални докази, предложени од Обвинителството денеска во Основниот кривичен суд во Скопје продолжува судењето за невладината организација „Меѓународен сојуз”, каде заедно со основачот Бојан Јовановски, обвинети се уште четири лица.

Обвинителството презентира материјални докази од Управата за финансиско разузнавање, за банкарските сметки и реализираните трансакции на обвинетите во периодот на интерес за случајот.

Одбраната реагираше на начинот на изведувањето на овие докази, како и дека некои од нив немаат сметки во некои од посочените банки или во однос на направените трансакции.

Потоа беа презентирани и документи од УЈП и Централен регистар за здружението „Меѓународен сојуз”.

На почетокот на денешното рочиште, Бојан Јовановски побара изземање на обвинителката Вилма Русковска и произнесување од републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, кој е застапник на обвинението со оглед на тоа, како што рече, споменатата обвинителка не се појавува и од рочиште на рочиште се менуваат обвинителите.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button