ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Судењето за депонијата во Струга се сели на лице место

Граѓанските активисти бараат на следното судско рочиште за струшката дива депонија закажанo за 29 јуни, кое од судница се префрла на лице место на самата депонија, покрај судиите, адвокатите и законските застапници на инволвиранитe, да присуствуваат и струшкиот градоначалник Рамиз Мерко и министерот за животна средина Нуредини, за да директно со свои очи се уверат велат за каква еколошка катастрофа станува збор.

„Имав прилика да се сретнам лично со градоначалникот Мерко, во Струга и официјално го поканив и тој да се јави на наредното рочиште, но оваа прилика ќе ја искористам да го поканам и министерот за животна средина. Друго е кога од канцеларија или судница зборуваме за проблемот. Перцепцијата ќе биде многу подлабока, кога ќе отидеме на лице место и ќе ја видиме таа планина од секаков вид на смет и ќе не натера уште еднаш да се замислиме, дали ваквото решение дали ваквото третирање на отпадот, управување со отпадот во државата не само во Струга е одржлив на овој начин“, вели Глигорие Ќатоски-адвокат и граѓански активист.

Македонското здружение на млади правници ги тужи општината, министерството за животна средина и јавното комунално претпријатие, затоа што според нив не презеле никакви мерки за санација и дислокација на депонијата на друга локација. Се бара и деконтаминација на земјиштето каде сега се носи отпадот.

„Предмет на оваа граѓанска постапка не се казни. Тоа може да биде во евентуално некоја прекршочна или кривична постапка. Во оваа постапка бараме и централната и локалната власт, да си ги извршуваат законски преземените надлежности и обврски и да преземат чекори со цел анулирање на штетните последици кои можат да произлезат од постоењето на ваков вид на депонија“, додава Ќатоски.

Граѓанските активисти бараат брзо решение без одлагање.

„Кога го сакаш твоето место, секогаш има начин за да се решат проблемите особено проблемот со депонијата. Јас сум многу убеден во тоа дека има можности да се решаваат проблемите, дали ќе се премести на друго место, решение секако дека има. Проблемот е во тоа колку го сакаме нашето место и колку сме спремни да направиме за нашето место“, вели Ндерим Положани-граѓански активист.

Подносителите на тужбата – кои се адвокати велат дека со ова сакаат да превенираат да не дојде до поголема екоолошка катастрофа во Струга. Едно од главните ветувања на градоначалникот Мерко беше решавање на проблемот со депонијата и нејзина дислокација. Но наместо тоа депонијата се наоѓа на истата локација на влезот на Струга на само 500 метри од првите куќи, а претоварната станица за која се потрошија многу пари, четири години од како е изградена воопшто не проработи и пропаѓа.

Адвокатите велат дека со ова сакаат да превенираат да не дојде до поголема еколошка катастрофа во Струга. Едно од главните ветувања на градоначалникот Мерко беше решавање на проблемот со депонијата и нејзина дислокација. Но наместо тоа депонијата се наоѓа на истата локација на влезот на Струга на само 500 метри од првите куќи, а претоварната станица за која се потрошија многу пари, четири години од како е изградена воопшто не проработи и пропаѓа.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button