ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Судењето за „Синџир“ одложено за 8 јули

Судењето за предметот „Синџир“ во кој се обвинети повеќе правни и физички лица за затајување на данок одложено за 8 јули, информира Основен кривичен суд Скопје.

Денешната главна расправа за предметот, како што информираат од Кривичен, е поради отсуство на едно од 32 обвинети правни и физички лица во предметот.

– Расправата е презакажана за 08.07.2024 година во 10:00 часот за што странките во постапката беа известени на денешното рочиште на кое воедно и на бранителот на отсутниот обвинет му беше посочено да го извести својот властодавец, а во случај на негово повторно отсуство на следната расправа, со претходна уредна достава на покана, превентивните мерки ќе бидат заменети со построги, со оглед да се работи за притворски предмет од јавен интерес, се вели во соопштението од Основен кривичен суд Скопје.

Претходно денеска, Јавното обвинителство соопшти дека со шестмина осомничени и шест кривично одговорни правни лица во случајот „Синџир“ биле постигнати спогодби, со кои вратени се безмалку 1.000.000 евра во државниот буџет.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button