МАКЕДОНИЈА

Судијата Савевски: ПИМ мерките крајна солуција во прибирањето докази

Посебните истражни мерки се носат како крајна солуција при операцијата за прибавување на докази, објаснува во вечерашното гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат, судијата Ненад Савески, од Кривичниот суд во Скопје. Како што вели тој, барањето до судот го поднесува Јавниот обвинител.

„Доколку претходно бидат исцрпени сите можни начини за прибавување на докази и доколку од претходно преземените истражни дејствија произлезе потреба или дека би било потешко на друг начин да се прибават докази коишто се потребни во текот на доказната постапка, тогаш Јавниот обвинител поднесува барање до надлежниот суд за определување на посебна истражна мерка“, појаснува Савевски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button