Судир на интереси – ем вицепремиер, ем шеф на изборен штаб!

Igor Stefanovski
Сите носители на јавни функции се под лупа на антикорупционерите. Во Државната комисија за спречување на коруцпијата се прави извештај за тоа дали и кои носители на јавни функции вршеле партиски активности во работно време во кампањата за локалните избори. Политичките активности во работното време се косат со владиниот етички кодекс. Првата антукорупционерка Билјана Ивановска вели дека досега утврдиле одредени прекршувања, но тие ќе бидат познати откако ќе го објават извештајот.
„Бевме сведоци на повеќе ситуации кога за време на работа се вршеа партиски активности, се користеа службени возила и така натаму… Тие примери ќе ги наведеме во тој извештај, што значи дека самите тие не го почитуваат етичкиот кодекс.“
Прашавме во Кабинетот на вицепремиерот за борба против корупцијата, Љупчо Николовски дали и колку лица го прекршиле етичкиот кодекс за време на изборната кампања? Оттаму ни одговорија дека Николовски пред локалните избори ги известил сите јавни функционери да ја одвојат партиската од јавната функција.
„Досега до кабинетот на вицепремиерот Николовски не е пристигнато известување дека има прекршување на Етичкиот кодекс.“
Антикорупционерите сепак му забележуваат на Николовски за неговите функции во Валадата и во партијата СДСМ. Николовски од една страна контролирал кој го почитувал етичкиот кодекс и дали партијата ја ставил пред јавната функција, а во меѓувреме беше шеф на Централниот штаб на САДСМ за локланите избори. Антикорупционерите во ваквите функции на Николовски преопознаваат судир на интереси.
„И тука гледаме судир на интереси заради тоа што шеф на кампањата на политичката партија Социјалдемократски сојуз беше токму вицепремиерот којшто од друга страна, пак, е ангажиран за спроведување на етичкиот кодекс. Значи, некако како да се испреплетени тие активности, што не би требало да бидат.“