ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Прославите на затворено можат да го зголемат бројот на заразени

Miki Trajkoski

Додека дел од угостителските објекти на охридско-струшката ривиера нудат организиран дочек на Новата година во нивните објекти, а најголем дел од капацитетите веќе се исполнети, лекарите стравуваат дека тоа ќе се врати како бумеранг, односно дека ќе донесе драстичен скок на бројот на ново заразени од Ковид19. Собирите во затворено велат лекарите ќе влијае и на бројот на заболени и во другите градови, алудирајќи на случувањата од летово кога најголем број на млади кои беа дојдени од цела држава се заразија на забавите во Охрид.

„Секако дека стравувам. Посебно во Охрид каде ќе има најголема фрекфенција на гости и туристи. Овој дел од годината е зголемен бројот на гости во тие затворени простори, ако се зголемува ќе има голем удар врз здравствениот систем“.

Секое собирање со себе носи ризик од зголемување на бројот за заболени, додава Балев.

„Ние можеме да донесеме незнам какви закони и препораки, но ако некој не ги почитува, а се знае нашиот народ, дека повеќето нема да ги почитуваат,познавајки го нашиот менталитет, ако не постојат некои други механизми за да се почитуваат тие рестриктивни мерки,сигурно дека ќе дојде до зголемување на бројот на заболени“.

Во најлоша варијанта, од болницата велат дека повторно ќе пренаменуваат дел од одделенијата во ковид-центри.

Поради фактот што Омикрон варијанатата е меѓу најзаразните, дел од докторите препорачуваат да се забранат масовните собири.

„Ако го видиме сценариото кое се моментално се случува во Европа и Америка и кај нас, а секако ќе го видиме, нашиот здравствен систем ќе колабира за неколку дена со оглед на тоа дека веќе сме колабирани.Она што сигурно ќе ни помогне е веднаш да се откажат и забранат секаков вид на масовни собири во затворено. Децата на продолжен распуст и онлајн настава додека не ни стане јасна ситуацијата.

Тој препорачува, секој невакциниран да се вакцинира,а за медицинарите да биде задолжителна и трета доза. Најзаштитена категорија вели се луѓето со три дози на вакцина.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button