ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Омикрон нема да ја затвори Македонија

Vjollca Aliti

Потврдувањето на првиот случај со Омикрон во земјава, нема да доведе до заострување на мерките за време на новогодишните празници. Министерот за здравство во заминување Венко Филипче, вели дека најновите научни истражувања говорат дека оваа варијанта на корона вирусот е послаба во однос на типот Делта. Сепак, Филипче нагласува дека најдобар начин за заштита од било која варијанта е вакцинацијата. Иако податоците од пописот на населението сè уште не се објавени, Филипче вели дека врз основа на новите податоци, 55 отсто од вкупното население во земјава е имунизирано, па според него тоа е податок кој дава надеж дека полесно ќе ја поминеме пандемијата.

Експертите потсетуваат дека сегашните мерки се многу ефикасни, но само доколку се почитуваат. Според нив, нема простор за страв и паника сè додека граѓаните се придржуваат до протоколите.

Најновите истражувања покажаа дека третата доза од вакцината обезбедува до 80% заштита и од Омикрон, варијанта која веќе станува доминантна во светот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button