ВЕСТИСВЕТ

Судирот меѓу Израел и Иран се движи кон целосна војна во регионот, што може да биде директна закана за регионалната и глобалната стабилност

Судирот меѓу Израел и Иран се движи кон целосна војна во регионот, што може да биде директна закана за регионалната и глобалната стабилност

Воената ескалација меѓу Иран и Израел претставува директна закана за регионалната и глобалната стабилност. Експертот Љубомир Ѓурчевски вели дека од геополитички аспект Македонија има сериозни ризични последици, како што се од бегалски бранови и економски последици, до обврските како членка на НАТО.

Advertisements

„ Ние ќе имаме и одредени безбедносни ризици кои би биле предизвикани од нов бран бегалци, исполнување на обврски како членка на НАТО према сојузниците во НАТО и така натака, значи сето тоа е една состојба каде што мора да се води сериозна безбедносна политика со силни безбедносни оценки како да се реагира во одредена ситуација согласно тоа колку ќе се комплицираат односни во овој воен конфлик помеѓу Иран и Израел“, рече Љубомир Ѓурчевски – експерт.

Доколку војната се рашири со вклучување на останати земји како поддршка, Ѓурчевски вели дека тоа ќе значи полеток на трета светска војна со несогледливи последици.

„Тоа ќе значи почеток на трета светска војна, мораме отворено да им кажеме на граѓаните дека таква една состојба никој не посакува“, рече Љубомир Ѓурчевски – експерт .

Војната започна пред четири дена, а до сега според официјални извори убиени се повеќе од 200 Иранци, додека израелските власти известија дека имало 24 жртви од ирански одмазднички напади.

Ангел Димовски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button