Судски ќе одлучува за разрешување на Адеми, во петок пред Нова година
Судски ќе одлучува за разрешување на Адеми, во петок пред Нова година

Судскиот совет, одлучи комисиската седница на која ќе се дискутира за одговорноста на претседателката на Врховниот, Беса Адеми, да биде отворена за јавноста. Седницата ќе биде отворена се до моментот кога Судскиот совет врз основа на извештајот на комисијата ќе одлучи дали ќе се преземат мерки против Адеми. На 29 декември во 9 часот пред комисијата составена од тројца судии, Адеми ќе се соочи со иницијативата за „непрофесионална и правна култура“ покрената во октомври. Средбата е свикана на последниот работен ден за оваа година со цел дискусијата за евентуалното разрешување на Адеми да не предизвика толкаво внимание во јавноста и кај меѓународниот фактор .
Алсат минатата недела ексклузивно соопшти детали од извештајот на евалуациската мисија на ЕУ за работата на Судскиот совет, во кој е утврдено дека отсуството на Беса Адеми во својство на претседател на Врховниот суд на состанокот на Советот по службена должност не претставува законска повреда и за тоа нема основа да се поведе постапка за дисциплински или поригорозни мерки. Во извештајот се наведува и потребата од транспарентност на судовите, за што Адеми ризикува и разрешување, откако го осуди политичкиот притисок во Врховен за постапки поврзани со случаи на поранешниот премиер Никола Груевски .
Неофицијално, членовите на советот, главно судии, го делат мислењето дека претседателката на Врховен не треба да биде разрешена, особено по извештајот на мисијата за евалуација./alsat.mk
Адријан Керими