ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Судски совет: Ќе има ли предмет за судијката Алексовска-Стојановска?!

Судски совет: Ќе има ли предмет за судијката Алексовска-Стојановска?!

Судскиот совет и натаму не одговара на прашањата на јавноста за тоа дали ќе биде оформен предмет против судијката Даниела Алексовска-Стојановска која наместо притвор му одредила воспитна мерка на 20-годишниот Васил Јованов кој под дејство на алкохол и без возачка дозвола ја прегази 22-годишната Фросина Кулакова на булеварот Партизански дореди додека таа поминувала на пешачки премин на зелено светло. Јованов и претходно бил гонет поради недозволена трговија со дрога, но токму судијката Алексовска Стојановска не му го продолжила притворот туку донела пресуда дека тој треба да биде сместен во воспитно-поправен дом. По смртта на Кулакова јавноста бараше да се отвори предмет за да се утврди нејзина одговорност, но иако испративме прашања, од судскиот совет не ни одговорија дали ќе поведат постапка против неа. Денеска пак и извршната власт побара судскиот совет да ја разреши оваа судијка, со обвинение дека таа работела под директива на претходната власт.

„ Додека СДС и Даниела Алексовска Стојановска смислуваат одговор, судскиот совет да донесе одлука за разрешување на судијката која наркодилер наместо во затвор испратила во поправен дом. Судскиот совет не може да се прави дека не ги гледа аргументите. Која и ситуација од погоре поставените дилеми да е вистина Даниела Алексовска Стојановска само поради тоа не смее да биде повеќе судијка. Одговорност мора да има„, рече Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Одговорност од судијката и правда за целиот случај со јавноста побараа и средношколци, студенти и сите присутни на двата протести кои беа организирани по смртта на Фросина. Покрај ставањето на крај на коурпцијата во судството граѓаните побараа и построги казни за сообраќајни прекршоци, за што во петок во собранието е закажана и јавна расправа за законски измени со кои поригорозно ќе треба да се казнуваат сите оние кои нема да ги почитуваат сообраќајните правила./Алсат.мк

Михаило Донев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button