Алармантно во Тетово! Свадбите и непочитување на мерките причина за драстично зголемување на хоспитализирани од Ковид-19, вели д-р Нуредини

Драстично зголемување на луѓе кои мораат да бидат на болничко лекување се бележи во Тетово, каде три капацитети се искористени за хоспитализирани пациенти. Во инфективното одделение, во интерното одделени и во модуларната билница има 26 луѓе кои се на болничко лекување. Исто така Тетово, покрај Скопје, има и најголем број на новозаразени пациенти.
– Не знаеме дали е тој четврти бран или не, како и да е оди во тој правец, вчера имавме 64 амбулантски прегледи, тоа не сме го имале уште од есенскиот бран. Од тие прегледи очекуваме и нови хоспитализирани. Навистина е алармантно во споредба со лани овој период кога беше поблаго и подобро. Ако ме прашувате за новоинфицирани, тоа е резултат на зголемен број на тестирања, некои патуваат, некои се враќаат назад, тоа е еден фактор. Зголемување на хоспитализираните пациенти е поради мерките- како да заборавија граѓаните на пандемијата, не носат маски, нема дистанца, има групирање итн. Овие свадбени или други свечености што се организираа допринесува да имаме зголемен број на позитивни пациенти во болница, изјави д-р Гзим Нуредени, координатор во Ковид центарот.
Поради зголемениот број на пациенти кои имаат потреба од болничко лекување пуштена во употреба е и модуларната болница, а се оценува дека состојбата е алармантна.