ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Сведок на трагедијата: Пожарот избувна од дефибрилаторот, не од продолжениот кабел

Сведок на трагедијата: Пожарот избувна од дефибрилаторот, не од продолжениот кабел

Додека во јавноста е актуелно обвинението кое тетовското обвинителство го поднесе до Основниот суд за опожарување на Модуларната болница, за првпат пред камерата на Алсат сведочи еден од очевидците на нереќата.

Во интервју за АЛСАТ, Мумин Исмали, кој бил присутен за време на трагедијата во која загина неговата мајка, за Алсат сведочи за критичните моменти вои кои пожар ги зафати болницата и пациентите. Од чадот се онесвестил, а кога се разбудил видел дека тој преживеал, но не и неговата мајка. Исмаили вели дека речиси цел месец бил во модуларната болница, по барање на лекар од болницата, за да помага на неговата мајка. Според него, пожарот избувнал во соба 3. Се обидел да излезе, но го спречиле мрежите на прозорците, а од чадот и огнот кој брзо се ширел се онесвестил. Се разбудил по 8 минути .

„Докторот побара еден од нас да остане со пациентот. На секои четири – пет минути требаше да се надополнуваат со вода кислородните цевки. Бевме и доктор и медицинска сестра и се. Јас не бев сам таму, стекнав многу пријатели во болницата за 28 дена“, рече Мумин Исмаили, роднина.

Исмаил сведочи во детали за настаните и бара корекција на истрагата. Тој тврди дека пожарот не избувнал од продолжениот кабел, како што стои во извештајот на обвинителството, како и во извештајот на германските експерти. Ова сведочење им го дал и на двете истражни органи, домашни и странски.

„Во собата број три каде што избувна пожарот лежеа мајка ми и 21 годишно девојче. Состојбата на Марија таа вечер се влошила и донесоа кардиолог да ја ренимира. Кога го ставиле дефибрилаторот на телото, избувнал пожарот. Иако Германците рекоа дека пожарот бил предизвикан од продолжен кабел, тоа не е точно. Дефибрилаторот не беше ставен на продолжениот кабел, иако во просторијата имаше два продолжни кабли, не еден, туку дефибрилаторот беше на директниот приклучок. Марија беше на едниот кревет, вториот празен, а мајка ми во третиот. Затоа што мајка ми беше во соба со три кревети. Дефибрилаторот се наоѓаше во креветот број два на директниот приклучок, немаше продолжен кабел, а пожарот започна од експлозија на дефибрилаторот. Таму започна пожарот, прво кај апаратот“, додаде Мумин Исмаили, роднина.

Исмаил очекува дека неговото сведочење ќе се земе предвид. И тој како и многу други роднини, вели дека правдата ќе ја бара до крај, дури и пред меѓународните институции./Alsat.mk

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button