СВЕТ

СЗО: Кина подобро да соработува во испитувањето на потеклото на пандемијата

Кина мора „подобро да соработува“ во истрагата за потеклото на пандемијата на коронавирусот, чии први случаи беа откриени во декември 2019 година во Вухан, изјави денеска генералниот директор на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебрејезус.

„Се надеваме дека ќе има подобра соработка за да знаеме што навистина се случи“, рече Гебрејезус на брифингот за новинарите.

Тој посочи дека „првиот проблем е споделувањето на сурови податоци“.

„А другото е дека имаше предвремен обид да се намали бројот на хипотези како онаа за лабораторијата, дека вирусот излегол од лабораторија“, рече Гебрејезус.

Тимот на СЗО го истражува потеклото на коронавирусот во кинескиот град Вухан од 2 февруари 2021 година.

„Лабораториски несреќи се случуваат, тоа е доста честа појава. Јас самиот сум видел и сум направил грешки”, рече тој.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button