ВЕСТИСВЕТ

СЗО објави снимка од болница во Газа – овде е како „зона на смртта“

Светската здравствена организација (СЗО) објави снимка од болницата Насер во градот Кан Јунис, јужниот дел на Појасот Газа, во која нејзините тимови влегоа во неделата, два дена откако израелските војници извршија рација во објектот по наводно добиле разузнавачки информации дека внатре има заложници држени од Хамас.

Advertisements

На видеото објавено на платформата Икс се гледа како медицинските работници ги евакуираат пациентите и ја опишуваат штетата на објектите на болницата. Еден доктор на ОН ја опишува сцената како „зона на смртта“.

Директорот на СЗО, Тедрос Гебрејесус, претходно објави дека на агенцијата на ОН ѝ е дозволено да влезе во болницата Насер, два дена откако беше одбиено нејзиното барање за влез во медицинскиот комплекс.

Тој изјави дека е помогнато лекување на 14 критични пациенти, од кои на двајца им е потребен респиратор.

„Во болницата Насер има уште 180 пациенти и 15 лекари и медицински сестри. Болницата и понатаму се соочува со акутен недостиг на храна, основна медицинска опрема и кислород. Водата е исклучена, нема струја, освен резервниот генератор кој ги напојува машините за одржување во живот“, рече Гебрејесус во објавата на мрежата Икс.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button