СПОРТФУДБАЛ

Такахара, првиот јапонец со гол во Првата Лига во Македонија

Фудбалерите на Гостивар се екипа која игра во одлична форма, не знаат за пораз од седмото коло на ПМФЛ, а интересно до тогаш ги имаа дури шест. Во последниот меч гостиварчани дома ја победија Брера Струмица со 2-0, со два погодоци во второто полувреме.

Првиот гол беше дело на Алпер Потук, додека вториот го постигна Масаки Такахара. Јапонскиот фудбалер на Гостивар искористи грешка, одзеде топка од дефанзивец и рутински го матира гостинскиот голман.  Со тоа, Такахара влезе во историјата на ПМФЛ како прв jапонец кој постигнал погодок во Првата Лига. Тој е првиот јапонски фудбалер во мак-фудбалот, па логично е дека е и единствен стрелец./Gol.mk/

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button