ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Талески: Милошоски итно да закаже седница на Комисијата за ратификација на договорите од Отворен Балкан

Талески: Милошоски итно да закаже седница на Комисијата за ратификација на договорите од Отворен Балкан

Претседателот на Комисијата за надворешни работи, Антонио Милошоски итно да закаже седница на комисијата и на дневен ред да ги стави законите за ратификација на договорите кои произлегуваат од регионалната иницијатива Отворен Балкан, рече на денешта прес конфереција Миле Талески пратеник на СДСМ.„Станува збор за договори со чија ратификација граѓаните на Северна Македонија, Србија и Албанија ќе добијат можност да работат во која било од трите држави без да вадат работни дозволи, без какви било бариери, без аплицирања и чекања, без административни трошоци. Овие договори ќе овозможат нови работни места, пополнувања на недостигот од кадри во приватниот сектор во секоја од трите држави“, рече Талески.„Како пратеници, имаме обврска да им служиме на граѓаните и затоа, уште еднаш го повикуваме Милошоски да закаже седница на Комисијата за надворешни работи, конкретните договори да бидат изгласани, за граѓаните што поскоро ги почувствуваат придобивките од нив. Во спротивно, Милошоски и ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш ќе се потврдат како кочничари на напредокот и развојот на државата“, додава Талески.
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button