ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Автомобил се преврте во Вардар кај Желино, се трага по возачот

Автомобил со кумановски регистарски таблички излета од мостот и се преврте во коритото на реката Вардар кај Желино.

Според првичните неофицијални информации, возачот возел со неприлагодена брзина, дознава Алсат.

Полицијата и пожарникарите се на местото на настанот. Автомобилот е извлечен од коритото, а се работи на пронаоѓање на возачот и проверка дали во автомобилот имало и други патници, соопштија за Алсат од полицијата во Тетово.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button