ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА
Таравари: Хоспитализираните пациенти се надвор од животна опасност

Сите пациенти коишто се лекуваат во државата и надвор од неа се во стабилна и добра состојба, информираше денеска министерот за здравство, Арбен Таравари.
Како што додаде тој, во потешка состојба се 10 пациенти, но се наоѓаат надвор од животна опасност.
„Три пациенти беа успишани вчера, утре уште три се планира. Од идната недела се надевам дека ќе ве известуваме колку пациенти се пуштени на домашно лекување и за некои коишто полека ќе почнат да се враќаат од странство и ќе продолжат со лекување во Македонија“, рече Таравари.