ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Таравари на средба кај Ковачевски

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски преку својот фејсбук статус информираше дека денеска остварил средба со претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари.

Постот на Ковечавски го пренесуваме во целост:

„На денешната средба со лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, во седиштето на СДСМ, разговаравме за реализацијата на програмата на Владата, за динамиката на работа во наредниот период, како и за политиките кои значат исполнување на стратешката цел на земјата за членството во ЕУ и партнерството со САД.

Наши заеднички цели на коишто посветено работиме како политичари и коалициски партнери се продолжување на европскиот пат до полноправно членство во ЕУ и јакнење на стратешкото партнерство со САД. Тоа е наша обврска кон сите граѓани и кон иднината на државата затоа што Северна Македонија нема друга алтернатива освен европскиот пат“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button