Таравари се залага за децентрализација на здравството
Таравари се залага за децентрализација на здравството

Кандидатот на албанската опозиција за претседател, Арбен Таравари, пред лекарите вети дека ќе се залага за децентрализација на медицината, задржување на лекарите во земјава. Тој најави и посебна посветеност кон истакнатите студенти по медицина, за кои по дипломирањето рече дека мора да добијат соодветни места во здравството.
„Над 60% од здравствените услуги сега се добиваат во болниците во Скопје. Мислам дека имаме човечки капацитети, но можат и да се создадат услови за да се формираат некои болници и клиники кои ќе бидат функционални, треба да се мотивираат колегите кои само што го завршуваат факултетот и имаат средни оценки. Ова треба да се реши со закон за тие да останат во Македонија, да се мотивираат да добијат специјализација или да им се зголеми платата при специјализацијата“, рече Арбен Таравари.