ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Таравари: Со одлука на Апелација, Алијанса се враќа на своето членство

Таравари: Со одлука на Апелација, Алијанса се враќа на своето членство

Апелациониот суд во Гостивар го врати на повторно судење прашањето за печатите на партијата партијата Алијанса за Албанците. Претседателот на АА, Арбен Таравари изјави дека со оваа одлука партијата останува на мнозинство членови.

Advertisements

„Апелациониот суд одлучи дека партијата Алијанса за Албанците припаѓа на апсолутното мнозинство. Партијата се враќа во своето членство“,рече Арбен Таравари, претседател на АА.

ВЛЕН ова го оцени како победа на граѓаните, победа на правдата и на партиското членство.

„Благодарам на сите членови кои не се откажаа, продолжија и ја продолжуваат својата битка за подобар живот. Благодарам на Албанците кои иако беа фатени во грдата замка на лажни вести и интриги, не се откажаа и нема да се откажат од оваа партија“, додаде Ријад Шаќири, претеник на ВЛЕН.

Елми Азири изјави дека тоа што го прави Таравари е предвремен триумфализам.

„Сакаме да потсетиме дека одлуката на Апелација е донесена по долго одложување и по бројни изјави на наши поранешни сопартијци дека, цитирам „со промената на Владата ќе се промени и одлуката на судот“, нагласи Елми Азири, пратеник на Европскиот фронт.

Спорот за сопственоста и печатите на АА започна кога Таравари реши да влезе во коалицијата ВЛЕН и да не биде дел од Европскиот фронт. Поранешниот претседател Зијадин Села и неговата група организираа конгрес паралелно со оној што Таравари го организираше во Куманово. Во меѓувреме, двајцата министри кои останаа од крилото на Таравари за време на техничката влада, беа разрешени на барање на поранешниот технички премиер Талат Џафери. Во првостепениот судски процес во Тетово беа сменети неколку судии. Таравари обвини за притисок врз судството, а Села одговори дека манипулира за да ја оправда својата погрешна одлука да се построи со албанската опозиција во тоа време./Алсат.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button