ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Таравари: Во јануари одлука дали Алијанса ќе настапи соло на изборите

Алијанса за Албанците на почетокот на јануари ќе одржи Централно собрание на кое ќе се одлучува како партијата ќе настапи на претстојните парламентарни избори. Таравари рече дека има одлука на претседателството АА да оди сама, но тоа може да се потврди или промени во зависност од барањето на членството. Тој потврди дека разговори имал и со ДУИ и со албанската опозиција.

Advertisements

„Има одлука на раководството на партијата со која треба сами да излеземе на парламентарните избори. Оваа одлука може да се потврди или измени само со одлука на Централното собрание, кое ќе се одржи на почетокот на следната година, односно на почетокот на јануари. Во комуникација сум и со опозициските партии и со ДУИ, но на крајот, секако, останува рефлексијата што ја добиваме од базата да ја пренесеме до Собранието и до претседавачот и оваа одлука треба да биде одлука врз основа на барање на членството на АА“, вели Таравари.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button