ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Тасевски најавува нови откази во М-нав

Тасевски најавува нови откази во М-нав

Овој мејл испратен до директорот на Цивилната воздухопловна контрола – М-НАВ, Фахрудин Хамиди, од претседателот на синдикатот Александар Тасевски, е причина Тасевски да биде повикан во полиција. Хамиди го пријавил Тасевски за загрозување на неговиот живот и физичка сигурност. Меѓу другото, во овој маил се вели:

Advertisements

„Ве предупредив дека ќе направиш лавина, не ме послуша, сега е време да изгорите…
…ова ќе биде големо, а вработувањето на Миѓени, ќе биде само цреша на тортата!“, се вели во е-маил од Александар Тасевски до Фахрудин Хамиди.

Во меѓувреме, денеска, раководителот на Синдикатот на авиоконтролорите, Тасевски, рече дека се врши притисок врз синдикалците откако го кренале гласот за последниот конкурс за обука на 10 вработени. Тој денеска одржа прес-конференција пред објектот на Навигација, најавувајќи нови оставки на нивните колеги, за блокирање на работењето на воздушниот сообраќај, до поништување на последниот конкурс за работа.

Во однос на вработувањето на 10 лица, прашавме во Министерството за финансии, од каде ни рекоа дека дале согласност за тој конкурс. Според документите обезбедени од Алсат, оваа согласност ја потпишал министерот Фатмир Бесими на 13 ноември 2023 година, за вработување во Цивилната воздухопловна контрола М-НАВ. Во реакцијата на дирекцијата на М-НАВ, се наведува дека сомневањата изнесени од страна на синдикалците за клиентелистичко вработување се неосновани, и вработувањето е направено според професионалните критериуми предвидени со закон. Пред крајот на годината, главните инженери и техничари во М-НАВ, поднесоа оставки од своите позиции, и се повлекоа од проектите на кои работеле. Синдикалците предупредија, дека целиот воздушен сообраќај ќе биде парализиран за време на празниците на крајот на годината, но тоа не се случи./Алсат.мк

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button