ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Таткото на Вања останува во притвор

Одбиено е барањето од одбраната за замена на мерката притвор со куќен притвор за таткото на 14-годишната Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски кој е осомничен за „грабнување“.
-Судија на претходна постапка, по предлог на одбраната на А. Ѓ. осомничен за кривично дело Грабнување од чл. 141 ст. 2 вв ст. 1 од КЗ, а поврзано со убиството на малолетната В. Ѓ. и велешанецот П. Ж. , за замена на мерката притвор со куќен притвор, по добивање на мислење од надлежниот Јавен обвинител, донесе решение со кое предлогот на одбраната се одбива.