ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Телефонски разговор на претседателите Пендаровски и Радев

Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска имал телефонски разговор со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, при што му честитал за стапувањето на должноста и му посакал успешен мандат.

Најновиот развој на билатералните односи меѓу двете соседни држави во светло на неодамнешната посета на претседателот на владата на Бугарија на Скопје, како и претстојните активности во Софија, биле темите на кои разговарале Пендаровски и Радев.

– Во тој контекст, претседателот Пендаровски го поздрави воспоставениот дијалог меѓу двете влади и ја истакна подготвеноста на Република Северна Македонија за негово интензивирање во наредниот период, се наведува во денешното соопштение од Кабинетот на шефот на државата Пендаровски .

Во насока на зајакнување на дијалогот меѓу двете земји, се подвлекува, двајцата претседатели разговарале и за можноста за скорешна официјална посета на претседателот Пендаровски на Софија, како и за интензивирање на комуникацијата на највисоко ниво во претстојниот период.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button