Температурата на Северниот пол е 20 степени над просекот за овој период од годината

Температурите на Северниот пол се искачија за повеќе од 20 степени Целзиусови над просекот за овој период од годината во недела, 2 февруари, преминувајќи го прагот за топење на мразот со апсолутна температура од -1 степен, објави Службата за климатски промени Коперник на Европската унија.
Научниците процениле дека невообичаено благата температура е поврзана со систем со низок притисок над Исланд, кој насочува силен проток на топол воздух кон Северниот пол, објави денеска Гардијан.
Температурата северно од Свалбард во Норвешка веќе се искачи на 18 степени над просекот од 1991 до 2020 година во саботата, според мерните модели од метеоролошките агенции во Европа и САД, при што вистинската температура е блиску до точката на топење на мразот, на нула степени.