ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА
Железничката линија Скопје-Куманово денеска пуштена во употреба, ова е возниот ред

Денеска беше пуштена во употреба железничката пруга Скопје-Куманово и обратно, пишува Алсат.
Како што најави министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, возовите ќе сообраќаат два пати дневно, во 06:30 и 16:30 часот, а патувањето во еден правец ќе трае 41 минута.
Николоски рече дека има амбиции да се пуштат железнички линии кон Тетово, Гостивар и Кичево.