СПОРТ

Тенис, почнува Мастер турнирот во Торонто

Еден од најголемите турнири во тенискиот свет, Мастерсот во Торонто, почнува денеска со натпревари кои носат нови емоции од овој спорт. Канадскиот турнир е дел од „Серијата 1000“, и има награден фонд од 3,5 милиони долари. Победникот на турнирот во Торонто, покрај тоа што ќе освои 1000 поени за „АТП“ листата, ќе добие и 370 илјади долари. Во меѓувреме во женска конкуренција, турнирот ќе се одржи во Монтреал, каде наградниот фонд ќе изнесува 1,8 милиони долари, додека победничката, покрај планираните бодови, ќе добие уште 221 илјади долари.

Advertisements
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button