ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Тензии во Собранието при постапката за избор на член на ДИК

Тензии, удирање по масите и кавги на седницата на Комисијата за избори и именувања за пополнување на испразнетото место на членот на Државната изборна комисија. Претседателката на Комисијати предложи на пленарна седница да бидат предложени двајцата кандидати предложени од политичките партии.

Станува збор за Абдуш Демири, поддржан од албанската опозициска коалиција Европски сојуз за промени и Зулфи Адили, предложен од Европската демократска партија на Арјанит Хоџа.

Ниту еден од пратениците од мнозинството не образложи зошто двете имиња треба да влезат на пленарна седница. Албанската опозиција смета дека само Абдуш Демири треба да го помине филтерот на комисијата, бидејќи сметаат оти Зулфи Адили е кандидат на мнозинството. Со ова, велат тие, се урива рамнотежата меѓу власта и опозицијата во ДИК.

„Без целосно учество на албанската опозиција не може да има избори во оваа земја. Не може да има избори. Ние ќе направиме сè. Имаме и демократски и институционални механизми и политичка моќ да го запреме овој процес бидејќи претседателот на Парламентот и владејачките партии се обидуваат да манипулираат со процесот на овој начин. Што прават? Предлагаат кандидат на тукушто формирана партија и таа партија го предлага членот на Алијанса за Албанците, која е дел од мнозинството. Сакаат составот на ДИК да биде 5 спрема 2“, вели Африм Гаши – Претседател на Алтернатива.

„Како може да се објасни дека новоформирана политичка партија предлага кандидат? Или е политички нивен или не е. Сите знаат дека припаѓа на Алијанса за Албанците. Тоа е спротивно на законот бидејќи новоформирана политичка партија не може да има кандидат“, рече Фадил Зендели, Движење БЕСА.

Албанската опозиција има поддршка и од другите парламентарни опозициски партии. Според ВМРО-ДПМНЕ, целта е ДИК е да остане без еден член, бидејќи ако нема консензус, ниту еден од предлозите нема да може да ги добие потребните 80 гласови.

Собранието требаше да ја почне постапката за пополнување на испразнетото место во ДИК најмногу 30 дена по заминувањето на претходниот член. Тоа беше Кренар Лога од Алијанса за Албанците кој во февруари ја напушти функцијата и стана министер.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button