МАКЕДОНИЈА

Тешка сообраќајка на патот Неготино – Демир Капија: Едно лице загина, три други се повредени

Едно лице загина, а три други се повредени во тешка сообраќајна несреќа што денеска се случила на патот Неготино – Демир Капија. Несреќата се случила кога возило со германски регистарски таблички излетало од патот.

Advertisements

Од Задравствениот дом Неготино во изјава за МИА потврдуваат дека во сообраќајката загинало едно лице. Еден од повредените е пренесен во болница во Велес, а другите двајца во болницата во Кавадарци.

Портпаролот на Секторот на внатрешни работи (СВР) Велес, Ристо Самарџиев, ги потврди информациите за сообраќајната несреќа, а повеќе детали најави во текот на денот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button