ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Агелер по ставањето на Камчев на ,,црната листа”: Ние нема да апсиме, но интересно е да се видат следните чекори

За Северна Македонија да ги надмине предизвициите кои се пред неа, корупцијата не смее туку така да минува. Одговрните мора да одговараат. Ова го изјави амбасадорката на САД во земјава, Анџела Агелер, на денешната прес-конференција на која зборуваше за одлуката американското Министерство за финансии – бизнисменот Јордан (Орце) Камчев да го стави на „црната листа“ на САД.

Таа потенцираше дека ваквите чекори, прво за градоначалникот на Стуруга, Рамиз Мерко, а сега и за Камчев, не се лично или политички мотивирани.

„Не можам да кажам која личност би била следна. Ова е многу сериозно назначување. Има повеќе личности и организации кои во секој момент се разгледуваат“, рече Агелер.

За влијанието што го има американската „црна листа“, амбасадорката коментираше дека САД нема да дојдат и да уапсат некого или пак да преземат мерки против одредена личност, но рече дека е интересно да се видат наредните чекори, алудирајќи на домашните институции.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button