(Видео) Тешка сообраќајка покрај реката Вардар, на патот Рашче-Сарај
(Видео) Тешка сообраќајка покрај реката Вардар, на патот Рашче-Сарај

Тешка сообраќајна несреќе се случи попладнево, кога автомобил на патот Рашче-Сарај заврши во реката Вардар. Според полициски извори, во автомобилот се наоѓале пет лица од семејството Арслани, од село Грчец. Станува збор за брачен пар, кои патувале со едниот син и снаата од другиот син. Алсат дознава дека петтиот патник е петгодишно дете кое излетало пред возилото да слета во реката. Детето го пронашле случајни минувачи и со нивна интервенција било донесено во болницата 8 септември во Скопје. Се уште нема информации за здравствената состојба на детето. На местото на несреќата веќе се пристигнати полиција и припадници на Специјалната антитерористичка единица Тигри, кои го вадат возилото. На лице место е излезен и јавен обвинител“, додаваат од МВР./Alsat.mk