ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Тешко до струја – РЕК Битола остана без јагленот што го бараше

Нема јаглен за РЕК Битола. Ниту една од деветте компании кои се јавиле на тендерот на ЕСМ не понудиле 900 илјади тони јаглен кои државата ги бараше за битолската термоцентрала. Биле понудени само 165 илјади тони. Поради тоа, набрзо ќе биде објавен нов меѓународен повик. За разлика од РЕК Битола, за термоелектраната Осломеј компаниите понудиле 300 илјади тони јаглен, што за тој капацитет е доволно. Инаку, на тендерот понуди доставиле фирми Косово, Албанија, Русија, Турција и Босна, како и од три рудници од земјава.

Во прва фаза утврдено е дека за Осломеј понудите ги исполнуваат барањата за потребните количини и понатаму во втора и трета фаза се продолжува со проценка на другите сегменти од тие понудите. За РЕК Битола понудите не ги исполнуваат целосно количините кои се бараа, односно не се нудат доволни количини на јаглен – изјави Васко Ковачевски- Директор на ЕСМ.

Од ЕСМ не појаснуваат дали земјава може да се соочи со недостиг на струја поради повторувањето на тендерот за Битола бидејќи ова термоцентрала произведува дури 70 проценти од вкупното домашно количество на струја. Ако имаше доволно количини, ќе можеше да се стави во функција и неговиот трет блок.

Инаку, одлука за интервентна набавка на 1,2 милиони тони јаглен со цел да се подигне до максимум нивото на производство на домашна струја и за да се ублажи ударот од енергетската криза, државата ја донесе пред 20-тина дена. Во меѓувреме цената на струјата за мегават-час на светските берзи достига 200 евра, што е за три пати повисоко за разлика од почеток на годината.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button