ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Шилегов и Арсовска ја продолжија кампањата за градоначалник на Скопје

Кандидатите за Град Скопје, Петре Шилегов и Данела Арсовска, со меѓусебни обвинувања го почнаа вториот круг од локалните избори. Денеска Шилегов преку прес -конференција ја обвини против кандидатката, како и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ дека водат црна кампања против него и неговото семејство.

Независната кандидатка за град Скопје, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, рече дека Шилегов има реализирано само 5% на програмата ветена на минатите избори. Таа се фокусираше на сообраќајните проблеми. Според неа, јавниот превоз треба да се зајакне со цел да се намали загадувањето и да се намали сообраќајниот хаос.

Во првиот круг од локалните избори Данела Арсовска доби околу 8 илјади гласови повеќе од нејзиниот противкандидат Петре Шилегов. Резултатите во вториот круг за Град Скопје ќе зависат од прераспределбата на гласовите кои во првиот круг ги добија главно тројцата кандидати, Петар Георгиевски од „Левица“, независната кандидатка Ана Петровска и Арбен Шаќири од Либерално -демократската партија и Демократска Обнова на Македонија.

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button