Тешко се посвојува дете во земјава, има повеќе барања отколку деца

„Сакам да го земам детето, во состојба сум да направам сè за тоа дете“.
Веќе три години, овој пар од Скопје чека дозвола од Министерството за труд и социјална политика да посвои дете. Оваа тема е уште почувствителна за потенцијалната мајка која низ солзи ни рече дека нејзина најголема желба е да слушне плач на бебе во креветот кој е празен со години. Оваа двојка неколку пати ја доставувала потребната документација. Велат дека ги исполнуваат сите услови и откако ќе ги поминат потребните филтри биле и регистрирани во Регистарот за посвојување. Двајцата дури и купиле куќа за на детето да не му фали ништо.
Според документите, парот ги исполнува сите точки предвидени во Законот за посвојување. Меѓу другото за тоа треба ниту еден партнер да не смее да има повеќе од 45 години. Мажот сега има 41 година, па стравува дека дополнителни одложувања може да доведат до тоа за неколку години да не може да се квалификува.
Алсат контактираше со Комисијата за посвојување од каде ни рекоа дека за прашањата во врска со овој случај и многу други во врска со постапката за посвојување, ќе ни одговорат следната недела. Од оваа Комисија велат дека процедурите траат долго бидејќи бројот на апликации за посвојување е поголем од бројот на бебиња или деца кои чекаат посвојување. Временскиот период од поднесување на апликацијата до нејзино запишување во Регистарот за посвојување е 7 до 8 месеци. Откако некое од децата ќе стане достапно за посвојување, компјутерскиот систем избира тројца потенцијални семејства и комисијата одлучува за едно од нив. Паровите кои достигнуваат 45 години откако ќе се регистрираат во Регистарот на посвојувања не можат веќе да посвојуваат бебиња, туку само повозрасни деца.
Еви Шкопи