Тетовчани неколку дена соочени со рестрикции на водата за пиење

Поради намалувањето на нивото на водата во акумулациите, Тетово има рестрикции на вода двапати на ден. Недостатокот на вода за пиење најмногу го чувствуваат жителите на населбите во горниот дел од градот, но и жителите на зградите. Директорот на „Водовод“ вели дека рестрикцијата е резултат на континуираното намалување на водата во акумулациите и прекумерната употреба од страна на граѓаните.
„Тоа резултираше со преземање на непосакувана мерка, односно да влеземе во рестрикција и дека првично се обидовме со рестрикција само преку ноќ, но повторно имавме недостаток на вода. Како резултат, направивме две рестрикции, исто така од 23 часот до 14 часот, бидејќи периодот на полнење на градскиот резервоар е три часа. И втората рестрикција пред ифтар е од 13:30 до 16:30 часот“, вели Лулзим Шаќири- раководител на „Водовод и канализација“.
Реагираше и движењето Еко герила. Од таму велат дека недостатокот на вода е поради неконтролираната изградба на хидроцентрали на Шар планина.
„Ова никогаш не се случило од пролет, кога се топи снегот и кога има многу дожд, во Тетово да нема вода. Изговорите на општината не држат, бидејќи проблемот е поголем отколку што тие се обидуваат да го кријат. Не станува збор за замрзнати извори, не се работи за земјотресот во Маврово или ерозијата што се случи, ова не е природен феномен како што се обидуваат да го прикажат. Ова има врска со изградбата на хидроцентрали, за што повеќе пати зборувавме и рековме дека нивната изградба е штетна и ќе го остави градот без вода, но за жал ниту Владата на централно ниво ниту на локално ниво немаа слух за ова“, вели Аријанит Џафери, „Еко- Герила“.
Инаку, Тетово во моментов се снабдува со 280 литри вода во секунда, што за оваа сезона е недоволно за снабдување на целиот град, затоа и е направена рестрикцијата. Друг факт е дека системот воспоставен во градот е стар 90 години, а токму во овој систем, ЈКП признава дека се губи 40 проценти од водата за пиење.
Башким Сулејмани