ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Тетово, автобусите конечно пристигнаа, но нема да бидат пуштени во сообраќај

Петте автобуси кои се очекуваа цела деценија, конечно пристигнаа. Сепак и покрај нивното пристигнување во Тетово, нема да има јавен превоз барем до средината на март.

Advertisements

Ова се должи на доцнење на подготовката на теренот за јавен превоз, како што се поставување на линиите по кои ќе возат автобусите, ангажирање на администрацијата на јавното сообраќајно претпријатие и формирање на нивните канцеларии.

„После тоа, ќе следи комплетирање на администрацијата на претпријатието со вработени, како и огласот за прием на возачи. Во меѓувреме, на следната седница, ќе ја пренесеме сопственоста на автобусите на компанијата и ценовникот за билетите“, рече Беким Мемети претседател на општинскиот совет, Тетово.

Тетово најпрвин ќе има три линии како и три вида билети, еднократни 20 денари, месечни до 450 денари и годишни кои ќе чинат 9000 денари. За реализација на превозот на овие линии, општината ќе треба да изгради неколку постојки за чекање.

Јавното сообраќајно претпријатие сè уште нема свои канцеларии, исто како и автобусите кои немаат каде да се паркираат, за што, првично, ќе се користи дворот на пожарникарите во Тетово. Останува нејасно дали оваа компанија ќе воспостави сервисен пункт во случај на дефект или ќе користи приватни мајстори.

По пуштањето во употреба на автобусите, ќе се намали бројот на комбињата кои што вршат меѓу- општински превоз на црно, а кои, според првиот човек на Советот, се планира да бидат лиценцирани и вклучени во распоредот заедно со јавниот превоз.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button