ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Тетово дебатира за менување имиња на улици, училишта, плоштади

Тетово дебатира за менување имиња на улици, училишта, плоштади

Никола Тесла, Моша Пијаде, Страшо Пинџур и улица ЈНА. Ова е моменталната реалност на Тетово со имиња на улици, училишта, плоштади и разни институции. Ова е реалност што воопшто не се совпаѓа со сегашното време и сегашниот состав на населението.

Свесни за тоа, веќе две децении многу градоначалници на општината преземаат иницијатива за промена на овие имиња, но никогаш не нашле кохезија во општинскиот совет. Пред извесно време, беа сменети имиња на некои улици, но само за внатрешна употреба, бидејќи во матичната книга и во МВР, имињата и понатаму остануваат непроменети, бидејќи одлуките не општината, не ги прифати ниту Министерството за транспорт, ниту Централниот регистар. Запрашани за оваа горчлива реалност на Тетово, жителите се жалат дека ние сме единствената земја која тежнее кон Европа со имиња на улици, плоштади и институции од комунистичкиот период. Во меѓувреме, вината за ваквата реалност ја префрлаат кај политиката, која според жителите не е способна да ги смени и покрај ветувањата дадени во при скоро секој изборен циклус.

„Секако дека треба да се променат, тоа е дури одамна задоцнета работа. Секоја институција мора да поднесе барање за промена на имињата на улиците и училиштата, а ние сме тие кои мора да ги поддржиме и смениме тие имиња, како и да е можно да се сменат, знаеме дека тоа е нашата секојдневна политика, многу е слаба во поглед на промените.“

„Оваа работа многу доцни. Требаше да се направи уште од ‘90-тите, дури и откако беше сменето името на училиштето Маршал Тито и му беше дадено името Гоце Делчев. И оттогаш моравме да направиме револуција за да ги смениме имињата на училиштата во различни улици и плоштади.“

Како и многу претходни иницијативи, така и денес, од страна на Академското здружение на Тетово и Општината, беше поведена ваква иницијатива за јавна дебата, но каков резултат ќе донесе, не се знае. Ниту историчарите, ниту општината, не појаснуваат дали најпрвин постигнале договор со македонските партии за да се почне оваа процедура.

„Денеска го направивме и првиот чекор во насока на отворање на јавна дебата во врска со оваа многу важна иницијатива за општината. Ќе бидат вклучени сите категории граѓани кои се заинтересирани и засегнати за именување на патишта и други институции на локално ниво“, рече Биљал Касами, градоначалник на Општина Тетово.

Во дебатата во иднина се очекува да се вклучат и граѓани.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button